Press "Enter" to skip to content

20 години аптеки “Роса Вита“ – јубилеј достоен за почит, прославен на отворено со битолчани (фотогалерија)

-Балони, цвеќиња, роденденска торта, коктел пред аптеката “Роса Вита“. Атмосфера со многу емоции, возбуда кај сите кои присуствуваа на јубилејот 20 години постоење на аптеките “Роса Вита“ во Битола, Новаци и Могила.На оригинален начин, на отворено во старата битолска чаршија, пред аптеката “Роса Вита“ во Битола беше одбележан, големиот јубилеј на овие аптеки, кои се препознатлив бренд за битолчани, кога се зборува за овој бизнис. Корисниците на нивните услуги, имаа само позитивни зборови, не го криеја задоволството што токму на овие лица им  довериле дел од нивното здравје, возбудени од начинот на проставување на не малиот јубилеј 20 години постоење, и од тоа како беа пречекани од аптекарките и аптекарките, како ни рекоа.Но, разбирливо, највозбудена беше сопственичката Сузана Димовска, дипломиран фармацевт и со право, која вчера ни рече:-Еве како што гледате овој јубилеј 20 години постоење решивме да го прославиме свечено пред нашата аптека, со сите граѓани. Точно на денешен ден, 23 април 2002 година, календарски во среда, со среќа започнав со работа, односно аптеката почна со дејност. Денес е голем празник Велика сабота, пред Воскресението Христово. Убав ден да се прослави овој јубилеј, на овој начин свечено сите заедно: вработени, клиенти, пациенти, деловни партнери и соработници. Денес тука се моето семејство, мојот тим вработени кои се секогаш со мене во добро и зло. За успех потребна е голема организација и тимска работа. Треба да си ја сакаш работата и да се сакаш себеси. Дефиниција за успех нема. Би кажала  работа, работа и само работа. Се разбира за тоа се потребни  истрајност, упорност да се издржи сите овие 20 години, а поминавме добро и лошо, па и работа во пандемија, карантин, полициски час… Започнав со еден вработен, сега сме 21. За овие 20 години постоење со врвна услуга, докажан квалитет во служба на здравјето на граѓаните низ годините се проширувавме. Се отворија аптеките во општините Могила и Новаци, продолжи:-Слободно ќе кажам дека и после 20 години повторно “Роса Вита“ е како на својот почеток, со ист ентузијазам, енергија и сила која сега ја добивам од мојот тим млади енергични луѓе и сите заедно се носиме со предизвиците кои ги носат овие бурни времиња за работа.  Сакам да се заблагодарам до сите граѓани на општините Битола, Новаци и Могила, ова ни е јубилејна година, 20 години славиме денес, ако не бевте вие, немаше да бидеме и ние.20 години посветеност, јубилеј достоен за почит. Дел од тимот вработени во аптека “Роса Вита“ испратија роденденски честитки со пораки до сите свои клиенти, пациенти, лекари, специјалисти и други соработници.Симона Литовска, магистер по фармација: 20 години Роса Вита – синоним за грижа, посветеност и секогаш во служба на здравјето на пациентите. Со тим кој има визија, тим кој поседува знаење, вештини, со тим во кој владеат меѓучовечки односи базирани на почитување, разбирање и секако емпатија. А, тука главна алка игра и силното лидерство, на нашата една и единствена, добро позната на сите, Сузана Димовска, секогаш подготвена за помош, секогаш тука за комуникација, знае да го цени трудот на секој од нас. И кога сите се водиме во една иста насока, а тоа е здравјето на пациентите, крајниот резултат е јасен – славиме успех. И не само од професионална и морална гледна точка, туку од срце и со љубов, ќе продолжиме несебично да се вложуваме и понатаму за да се подобрат и продолжат животите на лугето.Весна Поповска, магистер по фармација:Роса Вита“ е бренд во фармацијата дваесет години во Битола и регионот продолжуваме понатаму.Енес Јусуфи, магистер по фармација:  Да се биде дел од оваа аптека, од овај тим не претставува само престиж, претставува и гордост. Да бидеш дел од фамилија, каде сите се фокусирани на едно: како да се биде најблиску до пациентите, ти дава чувство дека го работиш вистински тоа што си го учел. Се надевам дека и во иднина како и сега ќе бидеме ние тие кои што ќе бидат најблиски до сите на кои што им требаме.Милица Јаневска Горгиевска, магистер по фармација: Меѓусебна усогласеност, заедничко функционирање, респект и грижа за секој пациент. Тоа е тимот на “Роса Вита“. Ќе целиме на уште поголеми успеси во иднина.

Филип Илиевски, фармацевтски техничар: Чест и задоволство ми е да бидам дел од тимот на чело со директорката, Сузана Димовска, кој веќе 20 години успешно се грижи здравјето на битолцани и пошироко. Среќен роденден “Роса Вита“, уште многу успешни години.Ивана Ицковски, фармацевтски техничар: Тимската работа е клучот кој ни ги отвори вратите до големиот успех и 20 годиншно постоење.

Драган Кадијовски, фармацевтски техничар:Роса Вита“, меѓусебно почитување, разбирање на потребите, да се работи во “Роса Вита“ според моето неколку годишно искуство претставува увид од различни перспективи, учење од поискусните колеги, фокус и грижа кон секој пациент. Наша заедничка цел – успех!

Жанета Ристевска