Press "Enter" to skip to content

СОНК и Владата се договорија, во среда на училиште, платите ќе се зголемат 12 проценти од јуни

По неколкунеделни разговори и две седмици прекин на наставата и не примање деца во градинкител, попладнево СОНК и Владата постигнаа компромисно решение за покачување на платите на наставниот кадар во училиштата, како и за вработеите во градинките за 12 проценти. Наставата ќе продолжи во среда, а ќе се разговара и за тоа дали ќе се продолжи школската година.

-Се усогласивме со ставовите во рамки на условите на државата и што може да се издвои за платите и дојдовме до процент што ќе започне да се исплаќа од јули. Се работи за 12 проценти на сегашните плати, со додатоци што следуваат, изјави претседателот на СОНК, Неделков, кој додаде:

-До утре вечер ќе има сондажа на јавното мислење на членството, како и органот на одлучување, а тоа е Советот на СОНК кој ќе заседава и ќе се донесе конечната одлука врз основа на изјаснувањето на нашето членство.

More from ВестиMore posts in Вести »