Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Емоционален и духовен живот кај возрасни и деца

Духовност е толку широк поим со толку значења, што не збунувa. Потребно е да се напомене дека духовност и религија не е исто, иако можат да бидат цврсто поврзани. Ние сме повеќе определени да ја посматраме како способност која е својствена на сите човечки суштества како што се способност на раст, репродукција, комуницирање, размислување или чувствување. Ако прифатиме дека духовноста е способност своинстена на сите човечки битиа тогаш следното прашање гласи: Способност за што?

Духовноста можеме да ја сфатиме како:

-Способност на остварување на однос со она што е надвор од нас, што за некого за некого тоа може да е Бог, а за друг некоја формула на пример (e=mc2),

-Чувство кој вклучува длабоко доживување на повразност со се што постои,

-Чувство на стравопочитување и восхитување пред универзумот што постои. Ова третото веројатно сите сме го искусиле кога се загледаме во ноќно небо и сме сфатиле дека сме безначајно ситни, а истовремено и едно со целиот универзум.

-Духовноста се врзува блиску и со сексуалност, љубов и сила, благодарност и скромност.

-Со еден збор духовните луѓе имаат мудрост која се претвора во знаење кога треба да се менуваат работите – а кога не, кога да се предадеш – а кога да се бориш, кога да се спротивставиме на правилата – а кога не.

-Достоинството, мудроста, милоста и силата произлегуваат од нашата поврзаноста и односот со секојдневните делчиња на живеење.

-Да, тешко е да останеш во духовна рамнотеже ако ни се случилеа поплава, но и исто кога не боли главата.  Начини на воспитување кои ја  блокираат  духовностa кај децата

Потребна е  храброст, напори и подготвеност за да развиеме скромност и доверба, да одвоиме време за живеење да научиме како да ја цениме вредноста на борбата и да се соочиме со сопствената изолација, нарцизам, страв од блискост, или неразјаснет бес. Со други зборови како родители наша задача е да го развиваме чувството на духовност.

Чувство кое вклучува длабоко доживување на повразност со се што постои.

Но, исто така постојат  неколку вообичаени начини кога родителите може да ја блокираат   духовноста кај децата. Еве некои од нив:

-Скромностa не е кул“ ( ароганција)

Кога родителите се срамат од нешто (пр. лоша финансиска ситуација, социјална, невработеност и.т.н.)  и воопшто премногу се срамат да го признаат својот срам. Тогаш децата учат дека скромноста и заблагодарувањето  е за „слабичи“ (слаби личности), а не за моќни,

-Денес на никој не можеш да му веруваш (цинизам)

Можеби има вистина во тоа “луѓето не се воопшто добро“, но исто така има вистина и да има многу луѓе кои се многу добри. Луѓето се во основа сосема пристојни. Сиромашни или богати, машко или женско, православни или католици,  од различна националност и друго, сите се трудиме колку што можеме. Да, понекогаш луѓето воопшто не се добри и ако одлучиме целата своја енергија да ја усмериме на тоа тогаш така и ќе ги гледаме работите. Но, тешко дека ќе се поврзуваме или посакуваме блискост со луѓето ако мислиме дека не се добри, и тешко ќе бидеме поврзани со луѓето ако ги мразиме и ако се плашиме од блискост со нив, сметајќи дека како „лоши“ ќе не повредат.

-Нема доволно време (страв или алчност)

Како човечки сушстества станавме најисцпени и во трка со времето за да постигнеме, што повеќе во нашиот живот понекогаш поставувајќи си премногу високи цели. Заради тоа може да сме  под притисок  и со многу обврски и активности. Сето тоа може да е  знак на: алчност сакам уште и уште и тоа ќе го направам ако работам се повеќе. Или е знак на преплашеност дека ако не брзам, не се трудам нема да имам да преживеам,  или ќе бидам сиромашен и нема да бидам среќен.

-Морам да бидам среќен/на сега ! – борбата не чини  (Нестрпливост, незрелост)

Да се бориш значи да бидеш жив. Борбата придонесува за значењето и вредноста на животот. Ако им ја отстрануваме и ги штитиме нашите деца, тогаш го спречуваме нивното правилно растење и развивање. На децата на кои им се угодува постојано,  и се штитат од борба, им недостасува дух, енергија и живост. Понекогаш се бесни, преплашени, разочарани, и со големи барања.  Ако тоа се случи тогаш одговорноста е на родителите. Мораме да ги научиме да се борат.  Должни сме тоа да им го пружиме за понатаму во животот.

-Секој за себе или   „подобро сам“   (Нарцисизам, изолација и осаменост)

Способностa за блискост има повеќе нивоа. Затоа можеби ќе му помогнете на соседот во неволја. Но иако му помагате на соседот при (пр. да му запали автомобилот, или за носење дрва и.т.н.) можеби нема да бидете свесни дека има полеми проблеми со својот син тинејџер или е во депресија.  Дали се пронаоѓате кога потајно сте на  телефон во друштво, бидејќи се плашите од социјална интеракција со другите луѓе. Дали сте се запрашале: имате макар и еден меѓучовечки однос во кој искрено се доверувате на друга личност? Сосема е возможно да имате многу интеракции со други луѓе, но ниту еден да не е вистински односно  близок.

-Она што не можеш да го видиш и измериш, не е вистинско- (скептицизам)

Скептицизмот може да е добар исто како и оптимизмот но до одредена граница. Но понатаму тој може да ја нагризува вашата духовност. Скептизизамот  ја нагризува духовноста. Да наппоменеме дека „Да гледаме“ можеме на различни начини. Лошите одлуки понеког потекнуваат од луѓе кои се многу интелегентни на рационален начин , но сопствените емоции им се слабо достапни, и заради тоа донесуваат одлуки врз темел на половина достапни информации. Двајца луѓе иста случка можат да ја протолкуваат на различни начини. „Виденото“ не е секогаш како што ни се чини. Запрашајте се како ги гледате работите дали со срцето, еднакво како и со главата.-Брзо е подобро и повеќе е подобро (раскалашност)

Растење во изобилство без чувство за размер може да допринесе да детето стане неблагодарно, и несреќно наместо да сочувствува со светот (на пример со оние кои гладуваат)Не е ни чудно што  некои мислат дека повеќе е и подобро. И тука  брзиот начин на добивање на нештата стана императив без да се чека,постепено.

-Ако луѓето се сиромашпни, болни, или умираат сами се криви – тоа не е мој проблем (нарцизам, егоцентричност, неспособност да доживуваме емпатија или сочувство)

Ние сме општествени и социјални битиа. Научниците сметаат дека едни без други не би преживеале така говори научното објаснување, а духовното дека сме емпатични суштества, грижливи кои не пшокренуваат два пориви. Едниот да бидеме секој за себе, да градиме, да создаваме, усвојуваме и вложуваме во своите сили и опстанокот на нашиот вид. Другиот е да се дружиме духовно, емопционално, со другите на само за сопственото добро, туку и затоа што тоа е желба на нашиот човечки идентитет.

-Разонода –  подобра од чувства и емоции (зависност, страв од блискост, неспособност да го проживееме животот во полн жар)

Духовнсота подразбира способност за засновање на односи со другите луѓе, не само површни т.н. разонода.  Духовност значи и да го живееме животот со полн жарн со се што нои носи, тага, разочарувања како и веселост и триумфи. Таа ни дава мудрост и способност за почитување. Ни допушта да бидеме благодарни за она што гпо имаме како и за онха што ни е одземенои со тоиа ни дава способност да чувствуваме радост.

-Ако дозволам другите да го видат моето вистинско „јас“, ќе бидам повреден – (Страв од блискост)

Најголемиот парадокс на човечкиот род е фактот што она за што најповеќе копнеете истовремено е она и од што најмногу се плашиме: Другите да го видат нашето вистинско „Јас“. Што повеќе од себе откриваме и  споделуваме, тогаш стануваме се пооткриени на критика и отфрлање. Вистина е дека ако им дозволите на луѓето да го видат вашето вистинско јас, некои ќе ве повредат. Во тоа е и дилематаа. Ако го штитам своето право јас тогаш вие сте затворени спрема другите луѓе, од една страна ќе бидете заштитени од  повредување, но од друга исто така ќе бидете изолирани и осамени, така да на крајот самите себеси ќе се повредувате.