Press "Enter" to skip to content

По зимската пауза, утре собир на велосипедисти 62. “Критична маса“, под мотото “8 години 0 километри вело инфраструктура во Битола“

По зимската пауза, утре, во редовниот термин, во четврток, во 18 часот, велосипедистите од Битола, ќе ја организираат 62. “Критична маса“, а организаторите испраќаат апел до сите граѓани да се приклучат, а стартот ќе биде на плоштадот “Магнолија“.

Оваа битолска иницијатива запона во мај 2014 граѓанската иницијатива Битола #наТочак ја поттикна првата “Критична маса“ и упатија порака до јавните функционери дека сообраќајот во Битола е практично насилие на асфалтот кое се негува и храни со политиките кои се верглаат со децении, а посебно последните години. Сето ова резултира со истиснување и бркање на граѓаните кои се движат на алтернативни начини (пешки, на точак, со помагала поради физички попречености, родители со мали деца и сл.) од градските улици и нивно принудување на премин кон движење со кола како единствен начин кој е безбеден во дадениве услови.

Еве и по 8 години, градот не само што се соочува со истиот проблем туку почнува немилосрдно да се бори со наглото зголемување на бројот на возила, што создава дополнителен загушлив сообраќаен метеж, а граѓаните кои сакат да бидат активни и да се движат на алтернативните начини, да бидат фрлени во оган заедно со тешкашите на коловозот.

More from ВестиMore posts in Вести »