Press "Enter" to skip to content

Штрајкот во училиштата продолжува, градинките започнаа со работа

Денес продолжува штрајкот на вработените во образованието, во основните и средните училишта, предводени од СОНК, иако пред два дена беше соопштено дека шрајкот ќе прекине и во образованието ќе се зголемат платите за 12 проценти.

Причината за продолжување на штрајкот е тоа што од вкупно 480 синдикални организации коишто дадоа податоци за нивното изјаснување во однос на договореното со Владата, 388 беа за продолжување на штрајкот од утре, а само 83 беа за прекинување на штрајкот, а Советот на СОНК донесе одлука штрајкот да продолжи, рекоа од СОНК.

Вработените во градинките, пак, од денеска се враќаат на работа.

 

More from ВестиMore posts in Вести »