Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 24 позитивни на ковид-19, оздравени 21, активни 876 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.798 теста, а регистрирани се 124 нови случаи на Ковид-19, и тоа од Битола се 24.

Регистрирани сe 114 оздравени пациенти, и тоа од Битола се 21.

До сега во Битола има 15.277 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 86 случаи.

Во текот на изминатото деноноќие и во согласност со регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се пријавени починати лица.

Направени се во Битола 83 ковид тест, преку ЦЈЗ Битола 76 и преку Плодност 7.

Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.

More from ВестиMore posts in Вести »