Press "Enter" to skip to content

Во “Плодност“ кај пациентка со голема тежина заради карцином, направено по лапароскопски пат вадење на матка и лимфни жлезди лапароскопски

Sentinel limph node dissection with indocianin green – Единствено во нашата држава во болница “Плодност“

Деновиве, капароскопскиот хируршки тим на Болница Плодност – Hospital Plodnost предводен од д-р Христијан Трпчевски, направи тотално отстранување на матка со сентинелно обележување на лимфните жлезди со индоцијанин зелено, кај 73 годишна пациентка. Отстрането се и лимфни жлезди во малата карлица.-Главен проблем во случајов е што пациентката е ниска, со телесна тежина од 130 килограми. Поради вишокот килограми, потешко можат да се оперираат ваквите пациентки по лапароскопски пат. Ние успешно ја изведовме оваа операција лапароскопски, што е голем бенефит за пациентката и покрај огромната телесна маса. Со класична операција, опоравување ќе беше многу долго. Пациентката ја напушти болницата на третиот постоперативен ден. Иако за нас лапароскопскиот пристап во случајов беше потежок, за пациентката е секако многу полесно. Наша цел е да им олесние на пациентите. Ја искористивме предноста на лапароскопско обележување на лимфните жлезди со контраст индоцијанин зелено, метода која се работи единствено кај нас во Македонија, вели д-р Христијан Трпчевски.Ова е само уште еден голем успех, во низата последни успеси и методи, кои во државата се работат единствено во Болница Плодност – Hospital Plodnost