Press "Enter" to skip to content

Одбележани 21 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)

-Оддадена почит на загинатите  Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски во 2001 година кај Вејце, а Сашо Гиелвски упати апел, односно замолница, во иднина тука на овој ден да има маса луѓе кои ќе ја одбележат смртта на загинатите херои.Денеска се навршуваат 21 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.Во знак и почит кон загинатите бранители од Битола, беше положено цвеќе на споменикот во чест на бранителите во дворот на СВР Битола, како и на споменикот “Ангел“ во паркот кај градскиот часовник.На споменикот пред СВР Битола и споменикот “Ангел“ пред саат кулата, цвеќе положија началникот на СВР Битола – Бенито Јошевски, претставници на СВР Битола, колегите од специјалната единица, роднини на загинатите бранители, градоначалникот на Битоа – Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола предводена од Габриела Илиевска, градоначалниците на Ниваци и Могила, претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Битола, Пеце Милевски и Драган Крајовски и други.Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски по положувањето на цвеќето рече:-Денес се навршуваат 21 година од маченичката смрт на осум млади луѓе кои загинаа на браникот на татковината во 2001 година, а меѓи нив и четворица наши битолчани. Овде сме да им оддадеме почит за она што го дадоа за татковината, највредното, нивниот живот. Тука семе да потсетиме на мачните грозоморни настни во 2001 година, да се потсетиме и да биде поука тоа зло да не се повтори, а сведоци сме на тешки времиња, кога историјата се враќа и не потсетува. Ние заедно со семејствата на загинатите одбележуваме 21 годиана од нивната смрт, слава и почит на хероите кои во заседа беа убиени.Сашо Гилевски, припадни на специјалната единица во 2001 година кој прв пристигна на местото каде беа убиени, рече:-28 парил 2001 година загинаа четворица битолчани, и сакам сите да се потсетат на настанот бидејќи има доста млади полицајци, млади битолчани коои не знаат што се случи на тој ден, каде битолската единица за посебни потреби беше на браникот на татковината. Добивме дојава од Илче дека се нападнати, а потоа со други водови од специјалната едници стигнавме на местото на настанот, а кога стигнавме на лице место во 18,40 часот, по петнаесетина минути на самото место каде беше заседата, а потоа го видовме тие тажни и не убави слики. Овој ден е многу тажен за битолчани, а греота е тоа што тука, пред спо,е икот “Ангел“ нема голема маса луѓе, бидејќи ако не ја одбраневме тогаш татковината ќе немаше сега што да славиме. Упатувам апел од година тука да има многу битолчани, ги замолувам тука во иднина да собираат тука, да оддадат почит на овие херои.Со положување на цвеќе ја одбележаа 21 годишнината од херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година кај тетовското село Вејце.

More from ВестиMore posts in Вести »