Press "Enter" to skip to content

Проректорот на УКЛО – Ѓуровски, преку спортот на Универзитетот до здраво тело, здрав дух и подобро учење на студентите (фото)

Преку серија активности по повод Патрониот празник на УКЛО враќање на спортот меѓу студентите.

Во рамките на прославата по повод 25-ти април, денот на основањето на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) се организираа серија на спротски активности во рамки на проектот за враќање на спротот меѓу студентите и Универзитетот после пандемијатра ковид 19. Во рамките на прославата по повод 25-ти април, денот на основањето на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), се организираше Универзитетски турнир во мал фудбал на кој учество зедоа сите единици на УКЛО. Денеска во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола се одржа завршницата од овој турнир. По завршување на натпреварите свеченото доделување на Пехарите и медалите беше од страна на Проректорот на Универзитетот професор Марјан Ѓуровски и Претседателката на Универзитетското студенско собрание Симона Наумовска кои доделија награди за Прво место за екипата на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, второ место за Техничкиот Факултет од Битола и трето место за екипата од Факултетот за безбедност-Скопје. Во своето обраќање Проректорот Ѓуровски нагласи “Почетокот на студирањето претставува критичен период во којшто младите поретко се занимаваат со физичка активност и спорт и сѐ позабележителен е падот на физичките способности, кои според развојните карактеристики и тенденции, во периодот на доцната адолесценција, генетички се наоѓаат на врвот од својот развој”. 

Според Ѓуровски реализацијата на Спорт и рекреација овозможува услови за продолжување на спортската активност, подобрување и одржување на моторните способности и физичката подготвеност на задоволително ниво, соодветно за секој поединец, позитивни трансформациски промени во сите сегменти од антрополошкиот статус на човекот, поттикнување на активен и здрав начин на живот, формирање здрави животни навики и превенција од болести предизвикани во прв ред од современиот – седентарен начин на живот, карактеристичен за студентската популација.-Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) уште од своето основање посебно внимание посветува на спортот и на неговата афирмација помеѓу студентите. Посебно во однос на ова прашање се истакнува периодот од 2010 година па до ден денес, бидејќи со добивањето на спортската сала „Павел Шатев“ во Битола, се појави можност за посериозно бавење на студентите со одредени спортски активности со што би се рекреирале и социјализирале со своите врсници после предавањата и испитите на факултетите на кои студираат нагласи Проректорот Ѓуровски. 

УКЛО има подготвено богата програма преку која се обидува да ги анимира студентите во повеќе спортски гранки и различни спортови, но исто така важно е половата застапеност да биде подеднаква.  Поради тоа на нашиот Универзитет се одржуваат натпревари во мал фудбал, кошарка, ракомет, шах, пинг-понг, се организираат планинарски тури, но исто така вредно е да се напомене дека УКЛО преку своите студенти е редовен учесник на Европски и Светски првенства во карате, Универзијади и на повеќе спортски манифестации кои се организирани од студенти од соседните држави.  Во однос на прашањето за воведување на предметот спорт и физичка култура на Универзитетот, може да се напомене  рече Проректорот Ѓуровски дека се прават напори да се вметне во некоја студиска програма, но мора да се признае дека потребата од ваков предмет кој би го изучувале нашите студенти е огромна, бидејќи голем дел од средношколците кои сакаат да продолжат со студии на нашиот Универзитет, немаат конкретен избор на темата спорт, и тоа е проблем кој е потребно да се реши во најскоро време со цел да се спречи одливот на квалитетни спортисти од нашиот град и целиот регион кои својата иднина ја гледаат на Универзитети имаат насоки поврзани со спортот и физичката култура. -Спорт и рекреација се организира со една основна цел: задоволување на потребите на студентите за движење и активност во согласност со нивните лични потреби и афинитети, збогатување на моторното искуство и позитивни трансформациски промени. Содржините и активностите што се содржат и практично ќе се реализираат се насочени кон: збогатување на моторичкото искуство на студентите и учење на нови движења; развој и одржување на соодветно ниво на моторичките способности и соодветни трансформациски процеси преку соодветна, умерена и програмирана спортска активност; правилен морфолошки и моторички развој и адаптивни способности потребни во современите услови на живот и работа на студентите; развивање на навики за здрав начин на живот, навики за чување и унапредување на сопственото здравје; развивање свест за значењето на физичката активност и стекнување на трајни навики за движење и физичка активност; позитивни трансформациски процеси во останатите сегменти од антрополошкиот статус – емоционален, социјален, когнитивен и конативен” рече Ѓуровски.

Според Проректорот на УКЛО Ѓуровски спортисти од градот Битола може да се набројуваат со денови, но како поистакнати би ги напоменал: Димитар Илиевски – Мурато (прв алпинист кој се искачи на Монт Еверест од нашата држава), Вера Велјановска (повеќекратен шампион во атлетика во Југославија), Весна Дунимагловска (учесник на Зимските Олимписки игри), Оливера Наковска – Бикова (параолимпијка која е освојувач на златни и сребрени медали на Параолимписки игри), голем број на ракометари, кошаркари и фудбалери кои ја афирмирале Битола во европски и светски рамки, но и други спортисти во поединечна и екипна конкуренција. На крајот уште еднаш Ѓуровски нагласи дека спортот на УКЛО во последниве две години заради добро познатите причини во светски размери, беше во стагнација, но со активностите и програмата која ја има Универзитетот, се очекува повторно да си го најде своето заслужено место помеѓу нашите студенти, со цел збогатување на понудата која ја нуди нашиот Универзитет во однос на социјализација и рекреација помеѓу младите луѓе. 

Спортската наука е студија за тоа како работи здраво човечко тело за време на вежбање и како спортот и физичката активност го промовираат здравјето, физички, ментално и социјално. Студијата за спортска наука вклучува многу други академски студии и области, како физиологија, психологија, анатомија, инженерство и хемија.

-Играњето спорт одржува животни лекции како дисциплина, одговорност, самодоверба, отчетност и тимска работа. На кратко, спортувањето му помага на вашиот мозок да расте и го прави да работи подобро. заклучи Ѓуровски .

More from ВестиMore posts in Вести »