Press "Enter" to skip to content

Кугларките на Пелистер ја започнаа “Генералката во Битола“, чистеа на брегот на Стрежевско Езеро (фотогалерија)

Кугларките од Битола деновиве имаа еко-акција на брегот на Стрежевското Езеро, на сливот на реките Шемница и Цапарска река, а акцијата е дел од најавената акција “Генералка во Битола“.За оваа акција Игор Михајловски, тренер на битолските кугларки вели:-Кугларите на Пелистер од Битола се пријатели со “Пакомак“ од посновањето на клубот и ние да ја направиме првата “Генералка“ во Битола. Одбравме внимателно локација, реката Шемница, плус Цапарска река и вливот во Стрежевско езеро, на околу 20 километри од Битола. Се работи за величенствена природна убавина, акумулација од која градот Битола се снабдува и со вода за пиење, но и место многу изгнасено поради човечки фактор. Наидовме на тони на пластични шишиња, лименки, хартии и друг отпад. Собравме околу 50 – тина килограми отпад, но дрвца ќе засадиме пред кугланата кога ќе дојде време.Кугларките истакнуваат дека тие не успеале да исчистат ниту еден процент од сето тоа ѓубре која ја нагрдува таа убава природа, иако навистина се потрудиле и додаваат:-Ние уживавме во прекрасното време, бевме општествено корисни, убедени сме дека со вакви активности нам повеќе ни на крај памет нема да им текни да фрламе ѓубре во природа и се надеваме со оваа акција ќе влијаеме кај повеќе луѓе околу подигнување на еколошката свест и неприфаќањето на болната реалност кога се во прашање отпадот и македонските реки и езера.

Фото: Дамјана

More from ВестиMore posts in Вести »