Press "Enter" to skip to content

УКЛО го објави добитникот на фондацијата “Тома Фила“, Ивана Марковска од правен

Студентката на втор цуклус студии на Правниот факултет – Кичево, Ивана Марковска е избрана  за стипендист на Фондацијата Тома Фила, соопшти Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола.

Според Конкурсот, стипендија во бруто износ од 10 илјади денари, се доделува за стипендирање и поддржување на еден талентиран студент на УКЛО – Битола, од Правниот факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола, на втор циклус студии, со остварен просек од најмалку 8 и на прв и на втор циклус студии.

Стипендијата Тома Фила се доделува за едногодишно стручно усовршување како адвокатски приправник, кај адвокат со регистрирано седиште на подрачјето на Општина Битола и стипендистот може да почне со користење на стипендијата најдоцна 6 месеци од денот на доделувањето на истата.

По објавениот Конкурс за доделување стипендија Тома Фила на еден талентиран студент, комисијата на УКЛО врз основа на приложената документација за исполнетост на условите по Конкурсот, ја избра студентката Ивана Марковска како шести добитник на Фондацијата Тома Фила.

More from ВестиMore posts in Вести »