Press "Enter" to skip to content

Ќе биде пекол, влезниците пламнаа за 15 минути, главно прашање во Битола “дали имаш карти за недела“

Денес главна тема меѓу битолчани, и главни прашања се “дали имаш карти за недела“, “кој да го фатам за две карти“, “дали имаше една повеќе“, по брзинската распродажба на влезниците само за 15 минути.

Оние кои набавија ќе присуствуваат на ракометен спектакл, а салата “Боро Чурлевски“ ќе гори еден сат пред стартот на натпреварот, а како ќе биде по победата над Вардар и прославата за титулата може само да се претпостави. 

Да повториме Еурофарм Пелистер ќе го пречека Вардар во ракометниот плеј-оф, разигрување за титула, во рамките на 7. коло. Еурофарм Пелистер со бод на овој меч ќе биде близу до освојување на титулата и со тоа ќе го „детронизира“ големиот ривал кој изминатите сезони доминираше со македонскиот ракомет, период во кој двапати стигна и до европската титула.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра в недела на 1. мај во „Боро Чурлевски“ со почеток во 19.00 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »