Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: во фирма во Битола загина еден работник, вториот пренесен во болница

На 30.04.2022 во 15.24 часот во СВР Битола било пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле двајца работници на возраст од 59 и 45 години двајцата од Битола.

Од здобиените повреди, едниот работник на возраст од 59 години починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Другиот работник е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

More from ВестиMore posts in Вести »