По повод празникот Рамазан Бајрам во Битола утринска и бајрамска молитва се одржа денес рано во џамиите, каде присутвуваа голм број на верници, за разлика од изминатите две години кога бројот на верници беше ограничен поради пандемијата и мерките за ограничување на движењето.Од денес, по триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански Бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.
Рамазан е еден од петте столба на исламот, покрај верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Месецот на Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.
Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта, а од пост се ослободени децата, бремените жени, доилките и болните.
Преку фотографиите на Агим Џело ви пренесуваме како беше на утринската молитва во Битола, кои се одржаа молитви, а муфтијата Амит Расими имаше обраќање до верницте во џамијата Хатуние во Битола.

Верниците од муслиманска вероисповед од Битола со утринска-бајрамска молитва за Рамазан Бајрам (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Христијан Илиевски втор на мотошампионатот во Едрење, Турција
- Во Битола сончево и многу топло, температурата до 33 степени, УВ=8
- Во македонска лига нема повеќе противници за Скантата, победа во прва рунда со прекин во Тетово
- Учениците со наставниците од Горната Гимназија тренираа аеробик, играа ракомет и заиграа оро (фото)
- Локалниот младински совет го промовира видео записот за Светите Кирил и Методиј (видео)