Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 30.04 до 02.05.2022) направени се 4.620 тестови, а регистрирани се 210 нови случаи на ковид-19, во Битола се 51.
Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од Битола се 23.
До сега Битола има 15.367 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 146 случаи.
Во текот на изминатите 3 дена (од 30.04 до 02.05.2022), нема пријавено починати лица.
Направени се во Битола 157 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 115 и преку “Плодност“ 42.
Досега во земјата се направени вкупно 2.022.649 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.769, бројот на оздравени пациенти е 299.865, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 624.