Press "Enter" to skip to content

Фото вест: претставник на група “Торфиоже“ од Полска во живо од Битола го пренесуваше навивањето на “Чкембарите“

На вчерашното вечно ракометно дерби во Битола, Еурофарм Пелистер – Вардар имаше претставник на навивачката група “Торфиоже“ од Полска, кои како велат “Чкембарите“ се браќа по навивање, а тие се од градот Белхатов. 

Претставникот на “Торфиоже“ со својата камера беше сконцентриран на навивањето на навивачката група, неколку пати во живо се вклучи на нивниот веб-сајт, а според она што слушавме со какви емоции го пренесува навивањето на навивачите до своите колеги во Полска, го испофали до бексрај.Од друга страна навивачите од Битола – “Чкембарите“ како знак на почитување на овој гест на нивните колеги од Полска во својата навивачка сценографија имаа нивни шалови.

Навивачката група “Чкемабри“ во Битола во 2019 година беза домаќини на своите браѓа по навивање од Полска, од нив 34 дојдоа во нашиот град. Претходно 14 навивачи од “Чкембарите“ беа гости на “Торфиоже“ во Полска.

More from ВестиMore posts in Вести »