Press "Enter" to skip to content

Христиан Илиовски-Кико со две победи на мото-патеката “Лагово“ на стартот на шампионатот

На патеката во Лагово, Прилеп, еден од најдобрите мото-крос возачи во нашата историја, битолчанецот Христиан Илиовски-Кико, кој е “СН спортски амбасадор“ доминираше со победа во првата трка од новата сезона на мото-крос македонскиот шампионат.

Илиовски во двете трки ги освои двете први места, во исклучително тешки услови на дожд и кал ја остави конкуренцијата позади себеси.Ова е одличен старт и подготовка за следната трка која го очекува во Романија.

-Кико од оваа сезона вози мотор кој е наш подарок за него и за нас оваа победа е уште позначајна. Со среќа Шампионе!, стои во честитката до Кико од СН.