Битолското муфтиство од Исламската верска заедница од Битола, по две години пауза поради заштитните ковид месрки и протоколи за организирање настани, годинава ја продолжи својата традиција по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.Тие пред присториире на Муфтиството во чест на празникот Рамазан Бајрам со парче баклава ги почастија своите комшии дуќанџиите од Старата чаршија во Битола, битолчани и сите намерници кои денес на пладне се најдоа во Чаршијата.
По повов празникот Рамазан Бајрам, муфтијата Амит Расими, со своите соработници на им беа домаѓини на сите битолчани на кои им посакаа добредојде, а битолчани им го честитаа празникот.
-По повод верскиот празник Рамазан Бајрам од 2016 година организираме бајрамска баклава во Старата битолска чаршија каде се и нашите простории. Увидовме дека ова е позитивен чин, барјамската баклава да ја почуствуваат сите граѓани на Битола, што кај нас муслиманите по идењето од џамија, на бајрамската трпеза задолжителна е и баклавата, која е блага е круна на бајрамската трпеза, како наша традиција, а сега го споделуваме и со нашите битолчани, истакнуваат од Муфтиството.

Муфтиството на ИВЗ во Битола со баклава во Старата Чаршија ги почести битолчани за Рамазан Бајрам (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)