Press "Enter" to skip to content

Денес потпишување на договори за грантови на одобрени проекти за прекугранична соработка

Денес  во Офицерски дом во Битола ќе се потпишат на договрите за кофинасирање, од страна на Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, со корисниците на грантови на одобрените проекти од вториот јавен повик преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција.

Министерството за локална самоуправа како координатор на ИПА Програмата за прекугранична соработка обезбедува 15 отсто што ги побарува Европската Унија, како услов за да се користат средствата во земјава од ИПА инструментот на Европската Унија.

Програмата за прекугранична соработка со Грција е вредна да се истакне и заради целосната дигитализација на постапката што ја води Министерството за локална самоуправа со корисниците на средствата. 

Во рамките на вториот јавен повик од Програмата за прекугранична соработка меѓу  Македонија и Грција одобрени се 22 проекти во вкупна вредност од 7,6 милиони евра.

Овие проекти се однесуваат на три приоритетни области, развој на локалната економија, превенција и заштита од природни катастрофи, како и заштита на природното и на културното наследство.

More from ВестиMore posts in Вести »