Денес се одбележуваат 119 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.По тој повод, делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, придружуван од претставници на Советот на општината и други граѓани, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.
-Денес сме тука заедно со граѓаните на Битола, политичките партии, невладини организации, да чествуваме да дадеме почит и помен на великанот на македонската национална борба, на македонската национална идеја, столбот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Денес се одбележуваат 119 години од неговата смрт. Тука сме да го чествуваме поменот, но и да дадеме една поука до младите, до генерациите сегашни и идни, дека треба да ги почитуваме великаните, да си ги згрижиме традициите и да не дозволиме разнебитување на македонското национално ткиво и поделби по било која основа. Посебно за ликови кои се вака историски и кои се столбови на македонската национална борба, темели на македонското револуционерно движење. Слава му, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Oдбележaни 119 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)