Press "Enter" to skip to content

Во Битола одбележан 5. мај, светски ден на акушерките, домаќин болницата “Плодност“ (фотогалерија)

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, годинава одлучи токму од Битола да започне одбележувањето на меѓународната недела на сестринството, а домаќин на овој настан беше болница „Плодност“ од Битола, која веќе 11 година е докажан лидер во ивф постапките, оперативните зафати и прекрасните услови за породување, но и единствена болница во земјава која го применува практично породувањето во вода.Светскиот ден на акушерките, 5 мај, настан кој се одбележува во рамките на меѓународната недела на сестринството, од 5-12 мај, се одржа во хотел „Премиер“, во присуство на акушерки и медицински сестри од целата држава.-Ние медицинските сестри не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“ е слоганот на Здружението „За нас“. Затоа, мора да се избориме за сите права на акушерките, кои ја имаат најблагородната професија на светот, да бидат први во чинот на доаѓање на свет на нов живот. Сепак, акушерките, како и останатите медицински сестри се на маргините и само заедно можеме да го истакнеме нивното значење и местото кое што го заслужуваат во општеството“, истакна претседателката на здружението, м-р Горданка Бешлиовска.Таа воедно ги пофали активностите на Болница „Плодност“ и нејзиното значење во сите сфери на гинекологијата, акушерството, ИВФ процедурите и оперативните зафати.Како домаќин, пред присутните се обрати и прим. д-р Таше Трпчевски, кој ги истакна сите заложби и успеси на болницата во изминатите речиси 11 години од нејзиното постоење.Трпчевски особено го потенцираше породувањето во вода, како метода која единствено се применува во државата во оваа болница, но застана и во поддршка на медицинските сестри, а со тоа и на акушерките.-Пионери сме во постапката породување во вода, а досега може да се пофалиме со бројка од над 100 породувања со оваа метода. Единствени сме и во многу оперативни зафати, но сето ова ќе биде презентирано во наредниот период, затоа што ќе воведеме и операции во живо. Нашите акушерки се со пациентките од првиот момент, па се до нивното заминување од болницата со бебињата. Затоа, од оваа средба упатувам поддршка до сите медицински сестри и до акушерките, дека ја имаат нашата поддршка за остварување на нивните права, истакна прим. д-р Таше Трпчевски.На средбата се обратија и главната медицинска сестра на Болница „Плодност“ Ребека Алексовска и координаторката на акушерките во здружението „За нас“ Милица Беслаќ.Како единствена болница во земјава во која се практикува породување во вода, беа претставени две презентации од медицински сестри во одделот неонатологија, Марија Василевска – „Породување во вода“ и Фросина Талевски – „Неонатолошки аспект за раѓање во вода“.На настанот беа доделени посебни благодарници до д-р Таше Трпчевски од страна на здружението „За нас“, за акушерките во Клиничка болница Битола.Признание за одговорната медицинска сестра во одделот неонатологија во болница „Плодност“ доби Мерлинда Драла, поради нејзините заложби за унапредување на акушерството и долгогодишното искуство кое несебично е пренесено на сите останати акушерки во болницата и сестрите од Клиника болница од Битола.Одбележувањето на 5 мај, Светскиот ден на акушерките, беше збогатен со настапот на учениците од Државното музичко училиште во Битола Наталија Николовска на виолина и Алексеј Белевски на пијано.На настанот, во живо, свои слики создаваше Живко Поповски- Цветин, кој потоа им ги подари на присутните.

Е.Сарафска, фото: С.Ристевски