Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен од МЗТ во Скопје, двете екипи со исти бодови, одлука во Битола кој ќе ја има предноста на домашен терен

МЗТ Скопје – Пелистер 95:76

Кошркарите на Пелистер од Битола се поразени во Скопје од екипата на МЗТ со резултат 95:76 или со -19 поени. Со овој пораз двете екипи имаат ист број бодови и натпреварот во Битола ќе одлучи која екипа ќе ја има предноста на домашен терен во завршницата.

“Пелистерци“ не успеаја да се наметна во Скопје, а од друга страна МЗТ презеде контрола на играта и од 7:7, дојде до 15:7, а на крајот на првата четвртина беше подносливи 26:19. По втората четвртина на одмор се отиде со -12 за Пелистер, 47:35, а скопјани имаа шутерско шоу. 

Предноста во текот на третата четвртина разликата се искачи на 22 поени (66:44) и сите дилеми кој ќе биде победник завршија. Тратиот квартал заврши со резултат 78:55. На тајм-аутот слушнавме дека Илиевски побара сите кошаркари на Пелистер да играат со полна сила, но на крај бележиме заслужена победа на МЗТ Скопје.

Најефикасни кај Пелистер беше Малешевиќ со 17 поени и Кесар  со 15 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »