Press "Enter" to skip to content

Утре стартува 10. меѓународниот Велигденски кошаркарски турнир “Битола 2022“

Во организација на кошаркарскиот клуб Младост од Битола и Општина Битола утре и недела ќе се одржи 10. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2022“. Натпреварите ќе бидат во четири категории: момчиња родени 2005/06 г., момчиња родени 2007/08 г., момчиња родени 2011-15 г. и девојчиња родени 2008/09 г.

Учеството го имаат најавено екипите на: „Олимпија“-Лариса, Грција; „Мега баскет“-Прилеп, „Јасмин“- Кавадарци, „Охрид“-Охрид, „Декса“-Прилеп, „Пробаскет“-Кавадарци, „Пелистер“ и „Младост“ од Битола.  Натпреварите ќе се играат во спортските сали „Боро Чурлевски“, Економско и Медицинско училиште.  Свеченото отворање на турнирот ќе биде утре  од 17.00 часот во спортската сала на Медицинското училиште „д-р Јован Калаузи“.

-По пауза од точно три години повторно го организираме овој турнир со домашни екипи поради актуелната здравствена состојба. Единствени гостин од странство ќе ни биде екипата на „Олимпија“ од Лариса-Грција каде долги години беше тренер легендата на македонската кошарка Стерули Андоновски. Очекуваме квалитетни натпревари и пред сè, дружење на младите играчи,  изјави Горјан Стојановски, претседател на организациониот одбор на турнирот.

Покрај официјалниот дел, турнирот ќе опфати и натпревари на младите членови од КК „Младост“ во кошаркарски вештини, шутеви за 3 поени и слободни фрлања, а планиран е натпревар на ветерани од КК „Младост“ кои во минатото го прославија клубот во земјата и странство во периодот 2003-2007 г. (два пати Шампиони на Македонија, 3.место на турнир во Острава, Чешка Република и 4. место на турнир во Гетеборг, Шведска).

Владимир Прчков

More from ВестиMore posts in Вести »