Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведена 21 годишна битолчанка за кражба со употреба на физичка сила, акција за непрописно престигнување

На 06.05.2022 во 15.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 21 годишна девојка од Битола. Таа се сомничи дека околу 14.30 часот во продажен објект во Битола со закана и употреба на физичка сила кон вработената одзела повеќе производи. Одземените производи биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 06.05.2022 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена Републичка акциска контрола за „непрописно престигнување” при што биле превземени вкупно 20 мерки. Откриени биле и 12 останати прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »