Викендов по пауза од години, поради ковид мерки и ограничувања на движење по пропишани протоколи, во организација на планинарскиот спортски клуб Пелистер од Битола се одржа 33. традиционален планинарски марш “Димитар Илиевски – Мурато 2022“.Традиционалниот марш е во чест на освојувањето на највисокиот врв на светот, Монт Еверество од страна на првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато од Битола, член на ПСК Пелистер.
Денес планианрите се искачија на Димев врв, близи до највисоката точка на Баба Планина, на Антена, 2.601 метар положија цвеќе, се поклонија со што му оддадоа почит на Мурато.
Денешната маршрута на 33. традиционален марш “Димитар Илиевски-Мурато“ започна од Инфо-Центар, Палиснопје, Ловечка куќа, Врв Пелистер, а на крај на Димев Врв, каде се одржи традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато.
Потоа на Копанки се положи цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски се одржа поздравен говор и се доделија како и прогласување на најмлад и најстар учесник на маршот.
ПСК Пелистер организира превоз за битолчани до Инфо центарот.
Двете маршути, денешната и вчерашната беа обезбедени со водичи и спасувачи.

По пауза од две години, викендов 33. традиционален планинарски марш “Димитар Илиевски – Мурато (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Изведена претставата “Далеку, а сосем тука“ на учениците од Горната гимназија од Битола на амфитеатарот на Тумбекафе (мега фотогалерија)
- СВР Битола: со закана ограбена “кладилниица“, физички напад, казнето 16 моторциклисти, каснувања од куче скитник
- Општина Битола: се реконструира “Драгорска“
- Димитар Митревски, спортски директор на Еурофарм Пелистер од Битола: испекција на ЕХФ во средина на јули, потоа започнуваме со продажба на комплет влезници и другите активности
- 42 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Димитар Митревски, спортски директор на Еурофарм Пелистер од Битола: испекција на ЕХФ во средина на јули, потоа започнуваме со продажба на комплет влезници и другите активности
- Боксерите се “враќаат“ на битолскиот “спортски ринг“, најзаслужен тренерот Јове Петровски – голем боксерски ентузијаст (фотогалерија)
- Шундовски и Зарков за шампионската сезона на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со завршна свеченост ја заврши годинашната сезона и најави нова, поуспешна во Лига на шампионите (фотогалерија)
- 20. по ред семинарот за реален аикидо “Битола опен“ одржан во Будо центарот “Пелистер“ во Битола (фото)