Press "Enter" to skip to content

Семинар “Иднината на компаниите во посткорона кризата“ на Ротари Клубот “Широк Сокак“ и Регионалната Комора (фотогалерија)

Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“ во соработка со Регионалната Комора Битола, беа организатори на еднодневниот ссееминар „Иднината на компаниите во посткорона кризата“.Предавач на семинарот беше Драгица Корењак, дипломиран менаџер, независен консултант, мотиватор и експерт за продажба (www.dkorenjak.eu). Нејзините едукативни настани бележат посетеност од над 30.000 учесници во 7 земји и се наменети за професионално усовршување на вработени и менаџери.Целта на еднодневниот семинар е учесниците да се стекнат со знаења и насоки за успех на нивните компании во посткорона кризата, да го осознаат патот до нови клиенти и зајакнување на комуникацијата со постојните клиенти, како и да ги осознаат тајните на успешните лидери кои ќе постигнат видливи резултати во нивното работење досега.Драгица Корењак преку инспиративните дискусии го привлече вниманието на сите присутни, обработувајќи актуелни прашања од областа на менаџментот, лидерството, комуникацијата и продажбата. Во текот на предавањето истакна дека меѓугенерациската сорботка може да даде резултати, бидејќи младите имаат искуство со дигитализацијата, додека возрасните имаат искуства од работењето со различните клиенти. Таквата меѓугенерациска соработка претставува композиција од знаење, теорија и практика за иднината во посткорона кризата.Едно од значајните прашања на кои се осврна за време на семинарот беа продажните и комуникациски вештини. Преку интеракција со присутните покажа што значи да се комуницира со клиентите, притоа, истакнувајќи ја важноста на невербалната комуникација. Драгица Корењак во своето предавање рече: „Продажбата е размена на енергија- добар продавач им дава дополнителна вредност на клиентите, а потоа купувачите му ја даваат таа дополнителна вредност во пари“. Енергијата во вид на споделени знаења и искуства беа видливи во текот на еднодневниот семинар. „Мојата идеја да стане ваша претставува суштина на успешната комуникација во продажбата“- рече Драгица Корењак, беа инспиративните зборови со кои го заврши еднодневниот семинар.Преку реализацијата на овој успешен еднодневен семинар уште еднаш се покажа дека Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“ достојно ја применува филозофијата на несебичното волонтерско служење, филозофија содржана во мотото: „Служба над сопствените интереси“.