Press "Enter" to skip to content

Божидар Пецаковски петти во бодибилдинг во сениори на Европското првенство во Шпанија

Божидар Пецаковски од Битола, член на фитнес клубот “Паљо“ од Битола настапи на Европското првенство во боди билдинг кое се одржа во Шпанија, го освои петтото место во категоријата Бодибилдинг сениори до 100 килограми.

Пецаковски се избори за пласман  два пати апсолутен победник, еднаш на државното првенство и втор пат на купот “Херкулес Гран При“ кој се одржа во “Александар Палас“ во Скопје.Пецаковски во април беше и победник во Србија, освои и “про кард“ која му овозможува да се натпреварува во професионална категорија.

-Следна цел ми е да ја искористам формата која ја имам и да одржувам во текот на цела година. Првиот сериозен настап е Европското првенство во Шпанија за дваесетина дена и се надевам на успех, рече Пецаковски во разговор за “Битолањуз“, а според она што го освои 5. место во Шпанија целта ја оствари.

More from ВестиMore posts in Вести »