Press "Enter" to skip to content

35 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер 07/08.05.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 35 возачи.

Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – девет, по пет на подрачјето на Ресен и Демир Хисар…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »