По повод 9 Мај –Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, во Битола се одржуваат повеќе настани. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, делегација од Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци и претставници на политичките партии, положија свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот „Гоце Делчев”.Изразувајќи ја европската перспектива на нашата земја, како и вредностите кои се темелат на слободарскиот дух, децата креираа европски знамиња на плоштадот “Магнолија“. Настанот беше во организација на “Together Macedonia“, со поддршка на општина Битола, Советот на општината и Локалниот совет на млади од општина Битола, како и Europe House Скопје. Логистичката поддршка за настаните е од страна на ЗГ ЕРИ Битола.Во рамките на програмата за одбележување на Денот на Европа на општина Битола, вечерва ќе се одржи првиот пијано концерт на концертниот клавир Bösendorfer по пренесувањето во Палатата на културата – Офицерски дом, со што воедно ќе биде промовирана познатата концертна сала.
Одбележан 9. Мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)