Press "Enter" to skip to content

ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Битола и Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции го одбележаа 9 мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола и Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции го одбележаа 9 мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, а настанот по тој повод го организираа кај Саат кулата.

Никола Блајбершник по тој повод рече:

-Денешната Европска унија потекнува од Декларацијата на Роберт Шуман од 9 мај 1950 година. Таа беше замислена како еден нов поредок во Западна Европа што би се  темелил врз заеднички интереси на народите и нациите и би бил заснован врз договори со кои би се гарантирало владеење на правото и еднаквост помеѓу сите земји.

ВМРО-ДПМНЕ уште од основањето 1990-та година, како еден од своите приоритети за напредок и развој на Р.Македонија го стави зачленувањето во НАТО и во ЕУ, со што во тој момент во Македонија беше и единствена опција со јасно изразени претензии за ЕУ и НАТО.  ВМРО-ДПМНЕ и на дело покажа дека интеграцијата на земјата во ЕУ е од витално значење, па така некој клучни мометни во приближувањето кон ЕУ се случија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, донесувањето на одлуката за визна либерализација за граѓаните на Република Македонија и др. И денес за ВМРО-ДПМНЕ членството во ЕУ останува стратешка цел како можност за подигање на квалитетот на животот на граѓаните и градење институции во служба на граѓаните.

„Обединети во различноста“ е мотото на Европската Унија, тоа означува дека Европа се обедини, за мир и просперитет, а во исто време е збогатена со многу различни култури, традиции и јазици. Да не дозволиме различностите да не разделуваат, да се обединиме во Европскиот дух за да станеме дел од Европското семејство. И како што рече Конрад Аденауер : „Обединета Европа, некогаш само сон на малкумина, останува надеж за многумина и неопходност за сите нас…“ 

За нас денес Европската Унија е неопходност и надеж, а засега и само сон кој сите заедно треба да го претвориме во реалност затоа што Република Македонија нема втора или дополнителна опција освен целосна интеграција во ЕУ.

Честито денот на Европа, да живее Република Македонија

More from ВестиMore posts in Вести »