Press "Enter" to skip to content

Пет внуци на боксерките легенди Рустемови победници со нокаут во 1. коло од Македонската лига

Вчера во спортската сала “Борис Трајковсковски“ во Скоје се одржа 1. коло од Македонската боксерска Лига, а настапија и боксерите на Пелистер од Битола.

Како куриозитет во првото коло е тоа што во тимот на Пелистер настапија петмина браќа и сите победија, а Александар Најдовски – Сканта вели дека браќата Рустемови ги победија најсилните фаворити, а исто така оставија многу голем впечаток кај сите присутни. Се работи за многу талентирани боксери, а како битолчани велат, кој од кој подобар мајстор во рингот дури и победија со нокаут.  Инаку, петтемина се внуци на поранешните шампиони, браќата Рустемови од Битола Шериф, Саќип и Ружди Рустемови.

За тимот на Пелистер настапуваат и победуваа браќата Ален, Ружди, Адријан, Арабел и Алишан Рустемов, а веќе подготвуваме репортажа за овие наши идни шампиони, наследници на боксерските легенди Рустемови.

More from ВестиMore posts in Вести »