Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: во Битола апсени тројца прилепчани дилери на дрога, малолетник паднал од балкон, каснување од куче скитник

На 08.05.2022 во 22.15 часот од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за криминалистичка полиција од СВР Битола на ул. „Довлеџик“ во Битола биле лишени од слобода три лица на возраст од 44, 48 и 24 години, сите од Прилеп. При преглед извршен кај нив, кај едното лице биле пронајдени и одземени две пакувања хероин, амфетамини, како и поголем износ на пари. Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.

На 09.05.2022   во СВР Битола П.К. (30) од  Битола пријави дека на ул. Кочо Палигора во Битола бил каснат од куче скитник.

На 08.05.2022 во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека од нецелосно ограден балкон во куќа во Битола паднал малолетник, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид изврши увидната екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »