Press "Enter" to skip to content

Христиан Илиовски Кико го освои 2 место на “BMU European motocross championship“ во Романија

Моторциклистот Христиан Илиовски Кико, член на МК Пелистер од Битола не израдува со ново искачување на пиедесталот, овој пат во Романија. Тој го освои 2 место, во исклучително силна конкуренција и после 5 години пауза од вакви големи интернационални натпревари.

Кико возеше на BMU European motocross championship и не направи сите горди со овој исклучително висок пласман.По неколку годишна пауза, Кико блеска во новата сезона и дома и во странство, ова е неверојатен кам-бек на овој наградуван спортист, кој изминатите години паузираше заради немање на поддршка во тоа што најдобро го прави, возењето на крос-мотори.

-Се враќам на старите патеки, со нови успеси после подолга пауза. Ова е како нов убав сон и пресреќен сум, напиша Кико на своите социјални медиуми кафе се заблагодарува на клубот, спонзорите, фановите и неговото семејство.

Да потсетиме, Христиан Илиовски Кико направи неколкугодишна пауза, заради немање никаква поддршка за да може да се занимава со овој скап спорт.

Пред почетокот на новата сезона тој доби подарок мотор од СН финансии и допопнителна опрема за да може да ја рестартира својата спортска кариера.

More from ВестиMore posts in Вести »