Членови на локалниот огранок на Левица во антифашистичка Битола, положија цвеќе на споменикот пред Центарот за култура, а како напишаа денес во Битола се е во знакот на Денот на победата над фашизмот.
-Насоката на новите генерации е точно и вистинско размислување, обезбедување на информации за историјата на македонскиот народ и народноослободителната борба чија цел беше ослободување од фашизмот. Смрт на фашизмот – Слобода на народот!, истакнуваат од “Левица“.