Вчера во спортската сала “Борис Трајковсковски“ во Скоје се одржа 1. коло од Македонската боксерска Лига, а настапија и боксерите на Пелистер од Битола.
Како куриозитет во првото коло е тоа што во тимот на Пелистер настапија петмина браќа и сите победија, а Александар Најдовски – Сканта вели дека браќата Рустемови ги победија најсилните фаворити, а исто така оставија многу голем впечаток кај сите присутни. Се работи за многу талентирани боксери, а како битолчани велат, кој од кој подобар мајстор во рингот дури и победија со нокаут. Инаку, петтемина се внуци на поранешните шампиони, браќата Рустемови од Битола Шериф, Саќип и Ружди Рустемови.
За тимот на Пелистер настапуваат и победуваа браќата Ален, Ружди, Адријан, Арабел и Алишан Рустемов, а веќе подготвуваме репортажа за овие наши идни шампиони, наследници на боксерските легенди Рустемови.