Незаборавно искуство за десет ученици од САБА Битола и Штип на проектот CONFLICT MANAGEMENT кој се реализира од 26 април до 4 мај оваа година.Нашата македонска група беше предводена од две професорки и имаше можност неформално да учи, практично да ги применува своите сознанија и да се запознае со ученици и тим-лидери од Хрватска, Шпанија и Грузија.
Преку различни активности учениците го дефинираа поимот конфликт, пристап, стратегија и менаџирање со конфликтни ситуации. Го совладаа делот активно слушање како алатка за надминување на конфликти. Неформално учеа за вербална и невербална комуникација.
Во слободното време, предвидено за дружење и разглед на градот, стекнаа знаења за културата, традицијата, народната музика и јазик на Хрватска, Шпанија и Грузија. Имаа можност да вкусат традиционални специјалитети, да научат традиционални танци и песни, да се запознаат со различни јазици и обичаи.
Десет дена уживање во убавините на Загреб, главниот град во Хрватска. Посета на главните знаменитости, паркот Максимир, зоолошката градина, неколку музеи и ботаничка градина.
На крај сите учесници се стекнаа со сертификати за успешно реализиран проект, но најважно е тоа што се родија пријателства кои остануваат за цел живот.

“САБА Битола“ дел од проектот “Youth Exchange“ од “Erasmus + Programme“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)