Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 15 позитивни на ковид-19, оздравени 10, активни 127 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19, Битола се 15.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од Битола се 10.

До сега во Битола има 15.503 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се  127 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. 

Направени се во Битола 60 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 44 и преку “Плодност 16.

Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 602.