Press "Enter" to skip to content

Ротаракт клубот Битола ќе го организира 2. хуманитарен “Бељот турнир“ со 32 тимови

Ротаракт клубот Битола го најави вториот хуманитарен #БељотТурнир во Битола, како што велат по убавите ланските впечатоци и позитивни коментари решивме.

“Бељот турнирот“ ќе се одржи на 22 мај, од 1о часот на истата локација како и минатата година, на пешачката зона покрај река Драгор, од мостот кај Безистенот до дрвеното мовче.

-Сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели. Правилата се исти, се игра во тим од двајца, на две добиени партии и со директно испаѓање. Овој пат, на ваше барање, ждребот ќе се состои од 32 тимови. Цената на учество е 400 денари од тим. Плаќањето може да се изврши електронски или директно на некој од нашите членови. За пријавување е потребно име на тимот и телефонски контакт до 16 мај 2022 година, велат од Ротаракт клубот Битола.
 
Право на учество имаат сите, играчи, минувачи, стари, млади, од 7 до 77 години, а сите ги очекува добра забава, по некоја награда, музика, пијалоци и бодрење за 32 тима кои ќе учествуваат на овој турнир. ♠️♦️♣️♥️

🎶… Бељот, ромбељот, адут и чаљо… 🎶

More from ВестиMore posts in Вести »