Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, денес потпишаа декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. Имајќи ја предвид улогата на жената во современите економски процеси, со декларацијата Општина Битола, во понатамошниот период ќе се залага за поддршка и промоција на женското претприемништво, како и создавање на поволно деловно опкружување и обезбедување поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените, со што ќе се придонесе кон развојот на постојните и креирање на нови претпријатија, на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.Декларацијата, која е дел од Националната платформа за женско претприемништво меѓудругото предвидува и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво, како и промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и активно промовирање на позитивните примери за овозможување родова еднаквост.

Илиевска и Коњановски потпишаа декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди
- Битола памети: пред 36 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)