Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, денес потпишаа декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. Имајќи ја предвид улогата на жената во современите економски процеси, со декларацијата Општина Битола, во понатамошниот период ќе се залага за поддршка и промоција на женското претприемништво, како и создавање на поволно деловно опкружување и обезбедување поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените, со што ќе се придонесе кон развојот на постојните и креирање на нови претпријатија, на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.Декларацијата, која е дел од Националната платформа за женско претприемништво меѓудругото предвидува и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво, како и промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и активно промовирање на позитивните примери за овозможување родова еднаквост.

Илиевска и Коњановски потпишаа декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво
More from ВестиMore posts in Вести »
- Христијан Илиевски втор на мотошампионатот во Едрење, Турција
- Во Битола сончево и многу топло, температурата до 33 степени, УВ=8
- Во македонска лига нема повеќе противници за Скантата, победа во прва рунда со прекин во Тетово
- Учениците со наставниците од Горната Гимназија тренираа аеробик, играа ракомет и заиграа оро (фото)
- Локалниот младински совет го промовира видео записот за Светите Кирил и Методиј (видео)