Во организација на Федерација на училишни спортови, помогнат од атлетска федерација на Македонија вчера се одржа државното првенство во атлетика во Куманово, а основните и средните училишта од Битола се претставија со 17 атлетичари, кои претходно беа селектирани од професорите по физичко воститување. Покрај Битола и општина Новаци имаше 4 учесници. Битолските ученици се закитија со три медали, Јана Стефановска “ОСМУ Д-р Јован Калаузи втото место на 800 метри, Христијан Котевски СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито“ второ место на 400 метри, Дончо Јанкула ОУ “Даме Груев“ трето место на 800 метри.
Пласман уште имаа: Наталија Чона освои петто место во дисциплината 100 метри, Стефан Туловиќ освои шесто место во дисциплината 100 метри, Дони Петличковски освои осмо место во дисциплината 800 метри и Христијан Шаклевски освои дванаесетто место во севкупен пласман во дисциплината 1.000 метри.
Сите овие млади атлетичати се членови на АК Олимп од Битола, а од клубот велат дека стлетичари остварија одлични резултати, а сезоната само што започна.

На државното првенство во атлетика Битола со три медали и со 17 учесници (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Коњановски: започнува реконструкцијата на паркингот кај спортската сала и други проекти
- СВР Битола: физички напад, пад од мопед, каснување од куче скитник
- Шундовски и Зарков за шампионската сезона на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Во Битола претпладне со умерена облачност, од пладне можност за нестабилност
- УКЛО Битола потпишан Договор за соработка со Универзитетот од Кожани, Грција (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Шундовски и Зарков за шампионската сезона на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со завршна свеченост ја заврши годинашната сезона и најави нова, поуспешна во Лига на шампионите (фотогалерија)
- 20. по ред семинарот за реален аикидо “Битола опен“ одржан во Будо центарот “Пелистер“ во Битола (фото)
- Кошаркарите на Пелистер од Битола поразени во финалната пресметка, МЗТ Скопје поведе со 1:0
- 4.000 илјади навивачи облечени во зелено во салата во Битола сведоци на новата титула на Еурофарм Пелистер (мега фотогалерија)