Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Преводи на литература за деца од македонски на англиски јазик“ на Педагошки факултет (фото)

На 12. 05. 2022 на Педагошкиот факултет во Битола се одржа промоција на книгата „Преводи за литература за деца од македонски на англиски јазик“ – авторско дело на студентите од трета година на групата Англиски јазик и книжевност под менторство на проф. д-р Силвана Нешковска. На присутните им се обрати деканот проф. д-р Добри Петровски кој го поздрави овој преведувачки поттик и ја изрази својата поддршка на активностите на студентите.Во овој преведувачки проект беа вклучени студенти од трета година на групата Англиски јазик и книжевност, кои избраа да работат превод на четири дела за деца, лектирни изданија со многу високо реноме во областа на македонската литература и тоа: „Зоки Поки“ од авторката Оливера Николова, „Сребрените снегови“ од Живко Чинго, „Девојките на Марко“ од Оливера Николова и „Втората смена“ од Велко Неделковски. Проектот се реализираше во периодот октомври 2021 – февруари 2022 и резултираше со печатено издание од 176 страни, во Б5 формат.

Студентите работеа во четири тимови и тоа: прв тим составен од Стефани Циуноска, Ивона Шундовска и Фросина Тутевска кои работеа на превод на скратената верзија на „Зоки Поки“. Следен е тимот што ги преведе првите пет поглавја од „Девојките на Марко“ беше составен од: Мимоза Стојковска, Александра Влакевска, Сара Василевска, Христина Митаноска, Ана Јаневска и Христина Каракачевска. Потоа, тимот што работеше на превод на „Сребрените снегови“ и ги преведе првите 7 поглавја од оваа книга беше составен од: Теодора Спировска, Мите Иракоски, Стефан Мургоски, Јасна Талевска и Никола Ѓоргиевски. И тимот што ги преведе првите 3 поглавја од „Втората смена“ се состоеше од: Валбона Ештрефи, Тамара Богдановска, Валентина Здравковска и Магдалена Прчевска.

More from ВестиMore posts in Вести »