Во библиотеката “Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа предавање на тема “Раното откривање спасува животи“. Предавањето го одржа Александар Димовски, лекар, специјалист по радиодијагностика вработен во Клиничката болница во Битола, го организираа организираа Библиотеката, “Сумнал“ и Ротари клуб “Широк Сокак Битола“. Доктор Димовски зборуваше за ракот на дојката, неговите причинители, симптоми, но најважно за превентивните мерки и скринингот, како што е мамографијата. Тој силно укажа на важноста од рано откривање на ракот на дојката за неговото лекување и поголеми шанси за преживување.Предавањето е дел од „Неделата на женското здравје”.
Предавање на тема “Раното откривање спасува животи“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)