Press "Enter" to skip to content

Денес двете ракометни екипи на Еурофарм Пелистер од Битола играат полуфинале од Купот

Денес во салата “Јасмин“ во Кавадарци ќе се играат полуфиналните натпревари од ракометниот куп, а за прв пат во историјата на ракометот во Битола во двете полуфиналиња имаме по една екипа. 

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ќе ја отвори полуфиналната разврска, а во 17 часот ќе играат против екипата на Вардар 1961. Овој натревар ќе го судат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски од Скопје.

Во 20 часот екипата на Еурофарм Пелистер ќе игра против Бутел, а овој натпревар ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Двете финалиња во машка е женска конкуренција ќе се играат на 15 мај во салата “Јасмин“ во Кавадарци.

More from ВестиMore posts in Вести »