Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го завери Куп-финалето, “двојката“ одлично против Вардар во Кавадарци

Еурофарм Пелистер – Бутел 26:21

Вардар – Еурофарм Пелистер 2 28:24

Екипата на Еурофарм Пелистер вечерва во Кавадарци, во второто полуфинале од ракометниот куп ја оправда фаворитската улога и се пласира во финалето. Еурофарм Пелистер го победи Бутел со резултат 26:21, полувреме 16:9, во натпревар во кој лесно ја победи екипата на Бутел.

Во финалниот натпревар “пелистерци“ ќе играат против вечниот ривал Вардар 1961 кој е бранител на тронот, а Еурофарм Пелистер ќе се обиде да донесе еден пехар во Битола.  “Пелистерци“  посакуваат пехарот од Кавадарци да дојде во Битола, а битолчани го чекаат од 2005 година.Во првото полуфинале од купот на Македонија, Еурофарм Пелистер 2 загуби од тимот на Вардар 1961, со резултат 28:24, во натпревар во кој имаа свои минути, а екипата беше достоен противник на шампионот.

More from ВестиMore posts in Вести »