Press "Enter" to skip to content

Нов проект на битолската библиотека “Читај ми“

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола  по повод 15-ти МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ   ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО продолжува со нови активности за  важноста на читањето во раната возраст како дел од светскиот план „Визија 2030“ со мото „Читај да го промениш светот“, во рамките на спроведување на ЕУ програма Целите за одржлив развој на УНЕСКО Агенда 2030.

Читајте 15 минути на глас. Секое дете. Секој родител. Секој ден. Зошто? Бидејќи читањето на глас секој ден е најбитно нешто што може да се направи за стекнување на знаења и вештини потребни за полесно снаоѓање во едукативниот процес на детето.

Читањето од раната возраст помага да се развијат говорни вештини, да се збогати речникот на детето, да се запознае со светот на имагинацијата и уметноста, ги збогатува неговите вештини за слушање, помага во развој на перцепција, набљудување, внимание, размислување и логично расудување, а сето тоа ќе обезбеди трајно останување на врските во мозокот потребни за процесот на учење..

За таа цел Ве повикуваме да ни се приклучите и Вие како институција, градинки, центри за ран детски развој, училишта и индивидуалци и со заеднички идеи и активности да ја реализираме истата.

Ве очекуваме секој ден во просториите на Библиотеката од 10 до 12 часот, да читаме нови креативни и интересни содржини, сликовници, бајки, раскази. 

Инаку  Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 15 мај, како меѓународен ден на семејствата. Одбележување на овој ден ја нагласува важноста на семејството како основна единица во општеството, но и загриженоста за состојбата на семејствата низ целиот свет. Иако семејствата низ целиот свет се трансформираа во текот на изминатите децении во однос на нивната структура и како резултат на глобалните трендови и демографските промени, Обединетите нации сè уште го препознаваат семејството како основна општествена единица. Меѓународниот ден на семејствата дава можност да се промовира свеста за прашањата поврзани со семејствата и да се зголемат знаењето за социјалните, економските и демографските процеси што ги засегаат. Во многу земји, овој ден е можност да се нагласат разликите, приоритетите и интересите на семејствата.

Тема во  2022 година е „ Семејството и  урбанизацијата“. Урбанизацијата е еден од најважните мега трендови кои го обликуваат нашиот свет и животот и благосостојбата на семејствата ширум светот. Одржливата урбанизација е поврзана со постигнувањето на неколку цели за одржлив развој  како што се: искоренување на сиромаштијата, добро здравје и благосостојба, намалување на нееднаквоста во и меѓу земјите. Овие цели  зависат од тоа колку добро ќе се управува урбанизацијата во корист на семејствата и подобрување на благосостојбата на сите генерации кои живеат во градовите. Овогодинешната тема „Семејства и урбанизација“ има за цел да ја подигне свеста за важноста на одржливите урбани политики погодни за семејството.

Работилниците ќе ги реализираат библиотекарите Ирена Колевска и Јасминка  Кочевска. Координатор на проектот е м-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста

More from КултураMore posts in Култура »