Press "Enter" to skip to content

Љупка Коларова-Пајевиќ, организатор и стручен соработник на Интернационалниот фестивал за монодрама во Битола: целиот тим ја имаме истата енергија како во 1999 година кога започнавме

Жанета Ристевска

-Започнавме со голем  ентузијазам во 1999 година во Битола, традицијата продолжува  со истата енергија  како на почетоците. И оваа година монодрами  и театарска магија во деновите на фестивалот во Битола. Монодрамата е специфичен фах на изведба, кој секако е еден од потешките актерски изведби и изразувања кога е само еден актер на сцена, и се обраќа на публиката.

Во  пресрет на 23 Интернационален  фестивал на монодрамата кој оваа година ќе говори гласно со мото “Помеѓу –  јавето  и сонот, животот и театарот, спокојот и неспокојот…“ од 14 до 21 мај 2022 година во Центарот за култура Битола. За  идејата, иницијативата, како започна да се одржува и традицијата на Фестивалот на монодрама низ  23 години постоење низ разговорот  со Љупка Коларова Пајевиќ стручен соработник и организатор на фестивалот која  со нејзиниот ентузијазам и заложба најзаслужна за отварањето на истиот уште во 1999 година.Кажете ни за почетоците и идејата да се отвори овој фестивал во Битола?

-Со голем ентузијазам, но и мали финансии во далечната 1999 година започна овој Фестивал на монодрамна и пантомима или т.н. “Театар во куфер“. Како директор на тогашен Дом за култура се заложив, и со многу малку средства започна овој фестивал. Во почетокот имаше ревијален карактер и на репертоарот имаше само македонски монодрами. Интересот беше голем и гости на тие први фестивали беа познати актери од нашите театри низ државата како Мите Грозданов, Шенка Колозова, Доне Донев и други. Тоа траеше цели три години кога беше единствен фестивал на македонски монодрами.Кога овој фестивал прерасна во Интернационален со монодрами и  актери од регионот и пошироко?

-За Фестивалот во тоа време имаше голем интерес заради квалитетниот репертоар и актерите кои гостуваа. По три години од иницијатива на Александар Илиев, познат пантомимичар и професор по глума од Бугарија, познат и по тоа што со своите изведби како пантомимичар влезе во Гинисовата книга на рекорди, фестивалот прераснува во Интернационален со збогатување на репертоарот со гости од регионот и пошироко. Во тие почетни години на Фестивалот на монодрама гости актери беа познати актери како Љуба Тадиќ, Светлана Цеца Бојковиќ, Зијах Соколовиќ, Сека Сабљиќ, тука е и Тарик Филиповиќ во поновиот период, Ена Беговиќ… Потоа фестивалот од ревијален преминува во Интернационален фестивал со натпреварувачки карактер.Кажете ни повеќе околу наградите кои се доделуваат?

-Се доделува гран при на најдобрата монодрама и статуетката карактеристична за “One man show“. Се доделуваат и награди за најдобар актер, режисер,како и награда од публиката. До минатата година наградата од публика се доделуваше на монодрама за која има голем интерес и има комерцијален успех, односно колку карти беа продадени или за монодрама за која се бара карта повеќе, а при тоа се изведуваше  во големата сала. Обично мондрамите се изведуваат пред помал број одбрана публика која го преферира овој специфичен фах на изведба, кој секако е еден од потешките актерски изведби и изразувања кога е само еден актер на сцена, и се обраќа на публиката час и половина и повеќе. Оваа година наградата од публиката одлучивме да биде по пат на гласење во гласачки кутии со влезниците со кои ќе се глаа. Монодрамите ќе ги оценува тричлено жири Владимир Милчин режисер, Бедиа Бегова актерка и Сашо Димоски драматург.Фестивалот  за монодрама член на Светската асоцијација на монодрама при Унеско

-Во 2003 година фестивалот за монодрама станува член на ИТИ или Светската асоцијација на моно фестивали при Унеско т.н. „One man show“.Како и секоја година квалитетен репертоар, достоен за сцените на Центарот за култура, НУ Народен  театар  и публиката која секоја година доаѓа на фестивалот Оваа година 23 по ред Интернационален фестивал на монодрама …Кажете ни повеќе ?

-Овој фестивал започна во 1999 година со свој статут и организација, но цело време функционира во рамки на Центар за култура. Оваа година требаше да биде 24 по ред, ама не се одржа 2020 година заради пандемија и заради тоа овој е 23 по ред. Минатата година се одржа со посебни мерки на заштита за време на пандемија со помал број публика, со претстави на отворено. Заради ситуацијата со корона криза во цел свет и ограничени патувања гостуваа  само македонски монодрами. Тука ќе напоменам дека е еден од најстарите фестивали на Балканот и пошироко. Заради тоа и големиот интерес за гостувања на монодрами од целиот свет. Оваа година беа пријавеми околу 70 монодрами, а тука би ја истакнала и одличната мрежа на контакти со кои комуницираме неколку месеци за да се направи селекција. Оваа година имавме тежок избор  и одбарани се 13 монодрами кои ќе се изведуваат од 14 до 21 мај пред  публиката во Битола. Мило ми е што долги години овој фестивал функционира беспрекорно. Последните години директорката Маја Андоновска Илиевска со својата креативност, сензибилитет и перцепција на актер  даде еден креативен тон на овој фестивал.Кажете околу програмата на фестивалот оваа година?

-Селектор на фестивалот актерот Петар Мирчевски заедно со стручни соработници  избраа и се потврди  гостувањето на монодрами од Велика Британија, Ерменија, Хрватска, Шпанија, Азербејџан, Полска, Израел, Бугарија, Молдавија и Романија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции. Свечено отварање ќе се одржи на 14 мај во салата на Народниот театар при Центар за култура. Фестивалот ќе го отвори македонската монодрама „Само глас“ – МНТ – Скопје во режија на Марјан Неќак, авторот Нина Плавањац и актерката Звездана Ангеловска. Монорамите ќе бидат изведувани во салата на Народниот театар, големата сцена  на Центарот за култура,,сцена под ротација, нова сцена во зависност од уметничките карактеристики на монодрамите.

“Статуа фест“ оваа година највен како новина во деновите кога ќе се случува фестивалот на монодрама?

-Оваа година новина е дневната офф-програма која од 12.00 до 15.00 часот ќе се случува на делови и од Широк Сокак со учество на актери од “Статуа Фест“. Централната точка на оваа придружна програма ќе биде кафе бар “Јагода“ на крајот од оваа пешачка позната зона на Битола, каде актерите живи статуи и познатите артисти од битолската електронска сцена ќе имаат своја програма.Кажете ни околу организацијата и каква е одговорноста да се биде стручен соработник и  организатор на фестивалот сите овие години?

-Одговорноста е  голема. Кога завршува едниот фестивал веднаш се приоѓа кон организација на следниот за другата година. Договарање на актерите кои мора да се организираат и неколку месеци пред, заради нивните ангажмани, тука се и финансиските средства кои секогаш биле мали. Но, ние продолжуваме со традицијата и Фестивалот на монодрамата да опстојува. Имаме голема подршка од Центарот за култура Битола и НУ Народен театар. Оваа година Фестивалот на монодрамата е подржан од Министерството за култура, Општина Битола и неколку спонзори, на кои сме им бескрајно благодарни. Целиот тим за организирање работеше повеќе месеци бидејќи сето ова  бара и одлична мрежа на контакти низ светот. Одличен тим стои позади фестивалот и селекција која тука, оваа година го донесе најдоброто од целиот свет.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »