Press "Enter" to skip to content

“Бон Вивант“, ноќ на вино и пријатели на Лајонс Клубот “Кабадаја“ по 11 пат во Битола (фотогалерија)

Вечерва во свечената сала на хотел “Епинал“ во Битола, во тек е “Бон Вивант“ или вечер со вино и пријатели  организирана од Лајонс Клубот “Кабадаја“ од Битола, настан кој има хуманитарен  карактер и се одржува по 11. пат и претставува еден од значајните настани во организација на клубот.На почетокот на официјалниот дел гостите ги поздрави и им посака убава вечер претседателот на лајонс клубот “Кабадаја“, Дарко Јанкуловски, за оваа фискална година, кој за оваа вечер рече:-Ова е традиционална хуманитарна забава која веќе 12 години ја организираме, но 11. по ред заради ковид пандемијата. Се собираме да се дружиме, да го славиме лајонизмот, меѓутоа на крајот најбитно е хуманиратната цел. Оваа година средставата од оваа вечер ќе бидат наменети за купување на креветчиња за детската градинка “Естреја Мара“, односно “Снегулка“. Веруваме дека целта е благородна бидејќи тоа е наменето за најмалите наши сограѓани, што на сите ни е многу драго, а тоа е и нашата цел. Нашиот клуб континуирано работи веќе 12 години, а целта на секој лајонизам е дружење и помагање, а таков е и битолскиот клуб, е сите ние служиме на заедницата. Од сето тоа ние сме презадоволни и тоа не исполнува. Весна Пацановска, гувернер на Дистрих 132 за 2021/22 во Лајонси им се обрати на домаќините и присутните и рече:-Поводот заради кој сме собрани во Битола е прекрасен, а по две години пауза сите ја чувствуваме еуфоријата на вечерашниот настан, кој е традиционален за битолскиот клуб “Кабадаја“. Забавата е хуманитарна, а ние нема да бидеме лајонси ако не го направиме тоа. Се надевам дека се отвораме и ќе работиме како и досега, пред паузата. Оваа година лајонсите низ цела Македонија направија рекорден број на акции од постоењето на лајонизмот во Македонија. Поради тоа сум среќна и горда поради тоа, а ќе напоменам дека сме трети по бројот на членството сме трети во Европа како Дистрих, а за битолскиот клуб додаде:-Од битолскиот клуб сум посебно задоволна, а ќе го нагласам и пријателството со нов приватно. “Кабадаја“ е прекрасен клуб во кој има млади луѓе кои се секогаш подготвени за помош, на кој да му се обратам не само што брзо реагираат туку и даваат свои идеи кои јас безрезерно ги прифаќам, бидејќи младоста дава нова перспектива. “Бон Вивант“ е еден од најпознатите настани на Лајонс клубот “Кабадаја“, настан во чија организација се вклучени голем број на членови на клубот. Гостите кои присуствуваат на “Бон Вивант“ низ заедничко дружење под име “ноќ на вино и пријатели“  уживаа во вината на винаријата “Далвина“ една од најмодерните нови винарии,  партнери на 11. издание на “Бон Вивант“.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »