Женската ракометна екипа на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола е победник на ракометниот турнир на “Гимназијадата 2022“ која е единствен спортски настан за најдобрите спортски училишни екипи од средните училишта во Република Македонија.
Ракометарките кои се шампиони на Гимназијадата се под менторство на професорите Михајло Сиљанов и Антонио Трпковски.