Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј ја добија првата битка за опстанок во лигата

Вардар ЕМ – Пелистер Волеј 1:3

(25:27; 31:29; 22:25; 23:25)

Во стрес натпревар кој траеше речиси 2 часа и 30 минути, натпревар каков што можеше и да се очекува, денес Пелистер Волеј од Битола ја совлада екипата на Вардар ЕМ од Скопје на гостински терен во салата “Форца“ во Скопје. Оваа победа е голем исчекор за опстанокот во Првата Државна Лига на Македонија, а победата е повредна и заради тоа што се играше во фантастична атмосфера и одлична организација, полна сала како што и се очекуваше ова навистина беше натпревар со изедначени можности.

За тоа што го одлучи победникот оваа вечер, тренерот, Роберт Митковски, по завршувањето на натпреварот рече:

-Она што беше важно е што имавме поголем избор и поголема клупа, што секако допринесе сите да го дадат својот максимум и на крајот да славиме голема победа, што се гледа од распределбата на освоени поени, затоа што немаше играч кој влезе на терен и не донесе поен. Во сите сетови имавме убава позитива, но во решавачките моменти дозволуваме противникот да не притисни до максимум, а на моменти се осеќаше набој на притисок, затоа што кога играте вакви натпревари тоа едноставно не е можно. Крај на сезона е, заморот е се поприсутен кај сите, но денес иако не блескавме во играта, изгинавме на терен и срцето чукаше само за Битола и за Пелистер Волеј.

Најдобра од напад беше младата кадетки Ева Трпеновска со (24) поени (21 од напад), најмногу блокови донесе Меланија Каралиоска (5) а на јдобро сервираа Михаела Цветановска и Емилија Бицевска со по (5) аса.

Поените денес за Пелистер ги освоија: Ева Трпеновска 24, Меланија Каралиоска 13, Емилија Бицевска 8, Михаела Цветановска 7, Ивана Белокозовска 6, Стефани Најдановска 5, Анастасија Ристевска 5, Ана Ивановиќ 3 и Василиче Наумоска 1.

Сеуште ништо не е решено, реваншот ќе се игра во Битола за десеттина дена, пред преполна сала.
More from ВестиMore posts in Вести »